Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски кој игра и е капитен на Сараево го освои Купот на БИХ, откако во финалето неговиот тим го совлада Широки Бријег, чиј тренер е нашиот стратег Гоце Седлоски. Сараево на домашен терен славеше со убедливи 3-0, а во реваншот загуби со 1-0 што беше доволно да се освои титулата во Купот на БИХ.