На ден 15.05.2019 во с.Куклиш се одржа Државно првенство во футсал (жени).Првото место го освои екипата на ООУ Видое Подгорец – Колешино, совладувајќи ја екипата на ООУ Св.Кирил и Методиј – Македонска Каменица. Училиштето од Колешино е две години по ред Државен првак, односно 2017/2018 и 2018/2019 година. Екипата која е составена од 10 девојчиња и тоа Љубица Најденова ( голман) , Александра Котева ( капитен ), Валери Панделиева, Слаѓана Ѓорѓиева, Јована Јованова, Ангела Андреева, Софче Ѓорѓиева, Софија Тилева, Сања Петровска и Розита Пецева под менторство на наставникот Спаско Миков.Повеќето од девојките се деветто одделение на кои им беше последна утакмица. Девојчињата имат гол разлика од 87/5, односно имат дадено 87гола а имаат примано само 5гола.И со тоа докажуваат дека девојките ќе продолжат да го претставуваат училиштето во најсилно светло