Во Велес се одржа промоцијата на првиот соло-албум на велешкиот рапер Нешо. Покрај изданието насловено „Балканизам“, беше промовирано и видеото за новиот сингл кој се вика „Ќе биде“, кој е дует со Валери Димовска. Стиховите на песната се на самиот Ненад Ставровски (Нешо), нејзин продуцент и композитор е Темелко Андреев.