Во октомври во Холивуд ќе биде отворен новиот хотел во форма на гитара во рамките на големиот проект кој ќе вклучува и поголемо казино и ново место за забава. Хотелот зазема централно место од комплексот вреден 1,5 милијарди долари. Самиот хотел е дел од долгорочниот план за подобрување на брендот Хард рок.
Хотелот ќе располага со:
638 хотелски соби во гитарската кула,
168 соби во делот со базени,
Лагуна базен во стилот на Бора Бора,
Приватни вили со приватни базени и услуга со батлери,
30 нови ресторани, салони и барови
Нова Хард Рок спа со површина од 41.000 m2
Хард Рок концертна сала со капацитет од 6500 седишта.
До 2020 година Хард Рок планира да отвори уште еден хотел во форма на гитара во Барселона, Шпанија.