На Светското првенство за младинци (У21) кое се игра во Шпанија во полуфиналните натпревари до победи стигнаа екипите на Франција и Хрватска. Во првиот меч Египет загуби од Франција со 33:35 (полувреме 16:19). Во вториот меч Португалија загуби од Хрватска со 28:31 (полувреме 9:12). Така за титулата Светски Младински првак утре од 16:30 часот, ќе се борат Франција и Хрватска.