Mакедонскиот претставник Еурофарм Работник ремизираше со швајцарски Кринс Луцерн 24-24 (полувреме 12-13) во првиот натпревар на ТВ Турнирот на шампионот во Добој. Последниот напад на Луцерн при резултат 24-24 успеа да го одбрани Никола Митревски и да му помогне на својот тим да избегне пораз. Најдобар поединец во нашиот тим беше голманот Никола Митревски со 15 одбрани, а во нападот блескаше Јотиќ со 11 голови. Во Луцерн се истакна Харбуц со 10 голови.