Кадетскиот репрезентативец Лука Стојчев член на ППК Шампион ФА, постигна голем успех на меѓународниот европски пинг-понгарски камп во Унгарија за играчи родени од 2007 до 2010 година.
Во натпреварите кои се одржаа во рамките на пинг-понгарскиот камп, Лука го освои одличното деветто место. Во конкуренција на најсилните играчи од Европа оствари во групната фаза 5 победи и 2 порази, додека во групата за пласман од деветто до дванаесетто место беше најдобар.
На кампот во Унгарија учествуваа и Сара Стојановска и Алексадар Јакимовски и двајцата од ППК Крива Паланка. Александар се пласира на 29 место, додека Сара го освои 18 место. Екипата кадетски репрезентативци ја предводеше Сашко Богатинов, поранешен државен првак и истакнат пинг-понгарски работник и член на ППК Шампион ФА.