На листата на Форбс за најплатени актерки втора година по ред е преубавата Скарлет Јохансон. Популарната актерка заработила 56 милиони долари од јули 2018 до јули годинава. Софија Вергара е на второ место со заработени 44,1 милиони долари , додека Рис Витерспун e трета со заработувачка од 35 милиони.
Понатаму следат Елизабет Мос , Маргот Роби ,Никол Кидман , Џенифер Анистон , Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео кои ссе меѓу десетте најплатени актерки бна листата на Форбс за годинава.