Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го одреди списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот натпревар против Фарски Острови од квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2021 година.
За дуелот кој го играме на 10. Септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Милевски повика 25 фудбалери, меѓу нив дебитанти ќе бидат Томче Гроздановски од Злате Моравце и голманот на Академија Пандев, Давид Денковски.
Според Милевски ова е најдоброто од младата селекција на Македонија во моментов, а потенцираше дека Фарски Острови воопшто не е наивна селекција и ќе треба максимално да се потрудиме за да ја совладаме.
– Фарски Острови мене според играта многу ми наликуваат на Исланд. Според начинот на игра физичките предиспозиции. Јасно е дека ако сакаме позитивен резултат, мора да се потрудиме да дадеме максимум и да бидеме на највисокото ниво.
Извор: http://ffm.mk