Репрезентативецот Иван Тричковски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија ги сподели очекувањата од шестата пресметка за нашиот тим во квалификациите за ЕУРО 2020. – Знаеме каков квалитет имаат Латвијците, но важен ни е нашиот настап. Ако мислиме премногу на нашиот ривал, си ги компликуваме работите. Затоа, мислиме како ние да одиграме најдобро. Очекувам многу од самиот себе, па потоа да се ставам во својство на тимот. Еден инвидуалец не може ништо без тимот, изјави Тричковски.