Марк Маркез стигна до својата втора последователна победа, а воедно и деветта победа во оваа сезона. Овој подвиг го изведе пред домашната публика – на патеката во Арагон, Шпанија. Возачот на Хонда извоза соло-трка од стартот па сè до целта имајќи во предвид дека стартуваше од пол-позицијата. Второто место го завзема Андреа Довициозо кој константно напредуваше од десеттата позиција. Најголема борба во последниот круг имаше за најниското место на подиумот од која како победник излезе Џек Милер. На четвртото место се најде Вињалес, а петтата позиција му припадна на Квартараро. Валентино Роси заврши на осмото место.