Второто коло од СП во рагби го отворија Русија и Самоа. Самоа беше единствената екипа од групата А што беше слободна во првото коло, додека Русите претрпеа пораз од селекцијата на домаќинот Јапонија. Во првото полувреме, Русија стигна до предност од 6-5. Имаше одлична шанса да ја зголеми предноста откако видовме несекојдневни сцени. Имено, два играчи на Самоа во рок од две минути добија жолт картон, па Русија цели осум минути играше со два играчи повеќе. Самоа, не самошто успеа да се одбрани, туку имаше шанса и да стигне до водството, но од пенал непрецизно биеше Писи. Во вториот дел, Самоа потполно ја превзема иницијативата и со пет есеја направи недостижна предност од 25 поени разлика. Натпреварот заврши со 9-34 во корист на селекцијата од Океанија.