Во десеттото коло од Чемпионшип, во дербито на дното, се соочија единстевните две екипи кои немаа победа во оваа сезона, поранешните Премиерлигаши Стоук и Хадерсфилд. Во прилично „сиромашен” натпревар, со многу малку шанси победија гостите од Хадерсфилд кои дадоа гол од единствениот шут во рамките на голот. Стрелец беше Бакуња во 82. минута.
После оваа победа, Хадерсфилд го претекна само Барнсли кој вечер игра против Дерби, но сè уште се наоѓа во „црвената зона”. Стоук е последнопласиран со само два поени.