На првиот тренинг пред трката за големата награда на Тајланд се случи нешто несакано. Имено, првопласираниот во генералниот пласман, Марк Маркез, доживеа стравотен пад на пет минути до истекот на времето. Веднаш беше префрлен во болница кадешто беа констатирану повреди на левата нога и на грбот.
„Маркез не можеше да дише. Ударот беше многу тежок.” – се огласи медицинскиот директор на МотоГП, д-р. Чарт.
Сериозноста на повредите на Маркез не беше позната, но сепак неочекувано тој се врати на патеката во вториот тренинг и го освои шестото место.
He's back! 🙌
Despite a huge highside this morning, @marcmarquez93 returns to the track in FP2! 💪#ThaiGP 🇹🇭 pic.twitter.com/enHJzsQGHE
— MotoGP™ 🇹🇭 (@MotoGP) October 4, 2019