Македонскиот голман Јане Цветковски, кој брани во Егер во Унгарија беше избран за МВП на мечот против Будакалаш во кој славеа со 22:21 (полувреме 15:12).
Јане Цветковски со неговите фантастични одбрани беше најзаслужен за големата победа на неговиот тим. За нашиот голман ова е втора МВП награда во четвртиот настап.