Аргентина со поразот од Англија во третото коло ги загуби шансите за пласман во четврт-финалето, па денес против САД одигра еден ревијален натпревар. Овој натпревар беше последен во дресот на Аргентина за легендарниот Хуан Мануел Легуизамон – човекот што го заврши своето четврто учество на СП !
„Тие (играчите) играа за една многу специјална личност и јас сум многу среќен што таа личност ја доби почеста што ја заслужуваше.” – истакна Марио Ледесма, тренерот на Аргентина, после натпреварот посочувајќи токму на Легуизамон.
Аргентина постигна седум есеи преку Санчез, Тукулет (2), Малиа (2), Де Ла Фуенте и Бертраноу, додека за САД поентираа Скали (2) и Ласике. Натпреварот заврши со конечни 47-17. Аргентина го заврши своето учество на СП, а САД ќе има уште можност да ја запише првата победа за четири дена против Тонга.