Шкотска ја победи селекцијата на Русија со и ги задржа своите шанси за пласман во четврт-финалето. Во пресрет на последниот натпревар има само бод заостаток во однос на Ирска, но ќе игра против домаќинот Јапонија.
Уште во првото полувреме, претставниците на Грегор Таунсенд јасно ги изразија своите намери. За неполни 20 минути, Шкотланѓаните стекнаа предност од 14-0, а сите поени ги постигна Хастингс. Две минути подоцна и Хорн се запиша во листата на поентерите, а Хастингс успешно го конвертираше есејот за конечна предност од 21-0 на полувреме. Во второто полувреме следуваше потполно фијаско на Русите. Шкотска постигна вкупно 40 поени, а есеи постигнаа Хорн (2), Тарнер, Сејмур, Берклеј, МекИнали и Хаскинс. Освен трите есеи, Хаскинс успешно конвертира и осум конверзии за вкупно 31 поен ! Конечниот резултат изнесуваше 61-0.