Велс со 29-17 ја совлада селекцијата на Фиџи и после само три натпревари успеа да избори место во наредната фаза. За Фиџи ова беше трет пораз од своите четири натпревари и за нив првенството заврши уште во групната фаза. Тие добро влегоа во дуелот со два есеи во првите девет минути и водство од 10-0. Сепак, до крајот на полувремето, Велс го покажа своето право лице и со есеите на Адамс и конверзиите на Бигар успеаја на пауза да одат со позитива од 14-10. Во второто полувреме Фиџи поведе преку казнет есеј, но веќе седум минути подоцна, Велс повторно водеше, но овој пат со пет разлика. Најпрво, Печел успешно шутираше пенал, а во 61. минута Адамс го постигна и својот трет есеј на мечот. До крајот видовме уште еден есеј на Велс во „режија” на Вилијамс кој беше успешно конвертиран од Печел.