Македонската А репрезентација денеска го игра квалификацискиот натпревар за пласман на ЕУРО 2020 против Словенија кој се игра од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје
– Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што не сакаат. Не бараме којзнае колаква бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија, изјави капитенот Горан Пандев.