На големото финале од 34-то издание на „Макфест“ каде беа изведени 20 композции победи Мартинијан Кириловски со песната “100 ПАТИ НА ДЕН”.
Првопласираната нумера доби награда од 5000 евра. Второто место го освоија Александар Митевски и Драган Спасов Дац со песната „Уште ми фалиш“ и парична награда од 3000 евра. Третата позиција им припадна на гостинките од групата „Фрајле“ со песната „Не признавај“ и награда од 1000 евра.
Награда за најдобар аранжман за песната „Кој те учи така “на Лара доби Иле Спасев, со наградара за најдобар сценски настап се закити Мартија Станојковиќ, награда за најдобра интерпретација доби неповторливата Росана Сариќ Тодоровска, додека наградата за најдобар дебитант ја освои Славица Ангелова.