Хјустон Тексанс на гостински терен забележија победа над Канзас Сити Чифс предводени од Махоумс. Домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа со 17-3 после првата четвртина. Тогаш на сцена стапи Вотсон предводен од своите тркачи, правејќи серија од 20-0 во втората четвртина и водство од 17-23 на полувреме после чуден сплет на околности. Во вториот дел видовме само две поентирања – и двете за тачдаун. Најпрво, во третата четвртина поентираа Чифс преку Тајрик Хил, а неколку минути пред крајот, тачдаун со пробивање постигна Дешон Вотсон. Конечниот резултат изнесуваше 24-31.