Во последниот петти натпревар од првото коло од Првата македонска кошаркарска лига КК Работнички славеше убедливо со 103:58 (24:14, 24:21, 27:16, 28:7) против екипата на КК МЗТ Скопје УНИ БАНКА.
Најефикасни во тимот Работнички беа Виктор Ефремовски со 23 поени и Б. Двејн со 19 поени, 9 скокови, 4 асистенции и пет украдени топки. За Работнички првите поени во својот деби настап ги постигна и младиот стружанец Габриел Коскоски кој постигна 2 поени на кои придодаде и 2 скока за нешто повеќе од 5 минути поминати на паркетот. Кај МЗТ Скопје УНИ Банка по 12 поени и 10 скокови имаа Тодоровски и Стојановски.