Првото четврт-финале на СП 2019 го одиграа Англија и Австралија. Двете селекции со светско реноме пружија квалитетен натпревар и голем број на поени. На полувремето, резултатот изнесуваше 17-9 за Англија, а сите поени ги постигнаа вкупно три играчи. За Австралија, Леалиифано постигна три пенали, а за Англија, два есеи постигна Меј и две конверзии и еден пенал постигна Фарел.
Во вториот дел, Австралија преку целосниот есеј на Короибете и Леалифано го однесе резултатот на само поен негативна односно 17-16. Сепак, две минути подоцна, Англија постигна нов целосен есеј преку Синклер и Фарел. Ова беше прв есеј за Синклер во својата интернационална кариера. До крајот, ја зголеми предноста преку трите пенали на Фарел и есејот на Вотсон проследен со четвртата успешна конверзија на Фарел. Фарел го заврши натпреварот со четири конверзии и четири пенали – вкупно 20 постигнати поени. Крајниот резултат изнесуваше 40-16. Во полуфиналето, Англија ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Ирска и Нов Зеланд.