Во првиот натпревар од деветтото коло во англиската Премиер Лига, силите ги одмерија Евертон и Вест Хем. „Карамелите” славеа со 2-0 и му го нанесоа првиот гостински пораз на Вест Хем оваа сезона. Со оваа победа излегоа од опасната зона и позитивно делуваа врз тренерскиот ангажман на Маркос Силва кој беше под голем притисок во пресрет на овој дуел. Стрелци за Евертон беа Бернард во 17. и Сигурдсон во 92. минута. Избраниците на Пелегрини во текот на цел натпревар беа доминирани, а само голманот Роберто Хименез со своите неверојатни одбрани успеа да ги спаси од потполен дебакл.