Ракометна репрезентација на Македонија со сигурна победа на гости кај Турција со резултат од 23-26 ги започна подготовките во ЕХФ неделата. На полувреме резултатот гласеше 11-15 , а во вториот дел нашите момци само го задржаа нивото на игра и стигнаа до победа.
Најефикасен во нашиот состав беше Жарко Пешевски со 8 голови. Мартин Поповски постигна 6 гола, додека по 4 гола дадоа Танкоски и Бојан Маџовски.