Заменик-тренерот на Милвол, Адам Берет, го пречека Кардиф на доста респектабилен начин – со освојување на вреден поен. После екстремиот пораз од Брентфорд, со примените три гола во последните десет минути, Берет успеа да го консолидира тимот и да изигра добар меч против минатогодишниот Премиерлигаш. Иако Кардиф водеше два пати со головите на Ворд и Хоилет, „Лавовите” стигнаа до реми со двата гола на Бредшоу. Натпреварот заврши со 2-2, а Милвол успеа да избега на пет поени од опасната зона.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар – минатата година тие беа во Премиер Лигата, а Нил Ворнок има направено чуда со тимот .. Задоволен сум од момците кои покажаа карактер за враќање назад, особено после саботното разочарување.. Мислам дека ова е навистина возбудливо време за овој клуб, ќе биде свеж рестарт со нов изглед и ќе имаме навистина искусен менаџер на ова ниво.” – се огласи по натпреварот Берет алудирајќи на своите фудбалери и на новиот тренер – Гери Роует.
Се очекува Роует да го има своето деби на тренерската позиција веќе во сабота кога Милвол ќе го дочека Стоук.
Резултатите од другите натпревари од денешниот термин:
Бирмингем 1-0 Блекбурн
Престон 1-1 Лидс
КПР 2-2 Рединг
Шефилд Венздеј 1-0 Стоук
Свонси 0-3 Брентфорд
ВБА 2-2 Барнсли