Екипите на Дерби Каунти и Виган ги одмерија силите во 13. коло од англискиот Чемпионшип на стадионот „Прајд Парк” во Дерби пред публиката која броеше околу 25 илјади гледачи. Статистиката благо беше наклонета кон страната на Виган, но до победата стигнаа домаќините и тоа со првенецот на Греам Шини во дресот на Дерби во 92. минута.Шкотланѓанецот го одигра третиот натпревар во својата нова средина во лигашките дуели и заработи ист број на жолти картони откако стигна како појачување од Абердин. Со оваа победа, Дерби повторно задржи приклучок за место во плејофот кое сега му е на само четири поени, а Виган има четири поени предност во однос на Хадерсфилд, првата екипа во „црвената зона”.