По завршувањето на репрезентативните обврски во ЕХФ неделата, Вардар се враќа на обврските во СЕХА Газпром лигата. Денес гостува кај дебитантот во СЕХА лигата, тимот на Пекинг СУ во Загреб. Тоa ќе биде последна контрола пред дуелот со Мешков во ЕХФ лигата на шампионите.
Натпреварот е закажан за 17,15 часот. Веднаш по мечот ракометарите се враќаат во Скопје и почнуваат со подготовките за средбата од ЕХФ лигата на шампионите.
Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје да им биде извршен лекарски преглед, а Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира и да мирува. Тие се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат
„ На првиот натпревар во Скопје шанса добивме помладите. Не треба да сметаме дека Пекинг е аутсајдер, тие се млад тим што постојано напредува и учи од натпревар во натпревар. Верувам дека и сега ние младите ќе имаме шанса за играње и докажување. Најважно е да не го потцениме ривалот и да одиграме на нивото како и досега., вели Димитар Димитриоски, левото крило на Вардар.