Последното коло од шведската Алсвенскан лига ни ја донесе кулминацијата на неизвесноста. Пред почетокот на натпреварите, дури три тима беа во борба за титулата. Џургорден беше првопласиран со три бода предност пред Малме и Хамарби. Малме имаше само за еден гол подобра гол-разлика од Хамарби што можеше да игра голема улога на крајот.
Најпрво, с`e тргна во корист на Малме. „Сините” поведоа со 0-2 против Оребро после првите 15 минути. Во меѓувреме, Џургорден прими два гола и губеше со 2-0 против Норчепинг што го однесе Малме на првата позиција. Хамарби во 35. минута поведе со 1-0 против Хекен и на полувремето беше второпласиран на табелата, позади Малме за 2 гола разлика, а пред Џургорден.
Почетокот на второто полувреме му ја загарантира на Малме барем втората позиција имајќи во предвид дека заводеа со 0-4, а Хекен израмни против Хамарби. Џургорден постигна гол за 2-1 и во голема мера ги врати своите надежи за титулата. Веќе кон крајот на 60-те минути, ситуацијата се смени потполно. Хамарби заводе со 2-1, Малме дури со 0-5, а за несреќа и на двата тима, Џургарден израмни на 2-2. Во 73. минута, Норчепинг остана со играч помалку и Џургарден беше во најповолна ситуација од сите три екипи. До крајот, само Хамарби ја завери својата победа од 4-1, па Џургорден ја освои првата титула после 14 години. На втората позиција се најде Малме, а Хамарби ја заврши сезоната како третопласиран.
Освен борбата за титула, беше жестока и борбата за опстанок. Последните четири екипи пред почетокот на последното коло беа Ескилстуна, Сундсвал, Фалкенбергс и Колмар кои се наоѓаа во два поени. Во втората лига одат последните два тима, а третиот од крај игра бараж. Ескилстуна и Фалкенбергс играа директен дуел. Колмар загуби со 0-3 од Сириус, но беше стабилен с`е до 93. минута кога Фалкенбергс постигна погодок за 1-0 и си обезбеди прволигашки фудбал и за наредната сезона. На несреќен начин Ескилстуна заврши во втората лига, исто како и Сундсвал кој во судиското продолжение прими гол од АИК за пораз од 2-1.
Резултатите од сите натпревари од последното коло:
АИК 2-1 Сундсвал
Фалкенбергс 1-0 Ескилстуна
Гетеборг 7-1 Остерсунд
Хамарби 4-1 Хекен
Хелсингборг 1-2 Елфсборг
Норчепинг 2-2 Џургорден
Оребро 0-5 Малме
Сириус 3-0 Колмар