Меѓународно натпреварување во Бенч прес на Војводина куп, Србија каде што освен светскиот шампион Бошко Стаменковски настапи и втор македонски натпреварувач, а се работи за Лазар Захариев, каде што двајцата остварија одличен настап со три први места и по едно трето место.
https://www.facebook.com/bosko.stamenkovski.3/videos/2857677317585187/
Бошко Стаменковски во категоријата под 74 килограми Опен стигна до првата позиција и златниот медал, а исто така најдобар беше и во конкуренцијата во М1 под 74 килограми каде што подигна 135 килограми и го освои првото место.
Вториот македонски натпреварувач, Лазар Захариев беше на високо ниво и се искачи на првото место со златен медал во категоријата до 105 килограми во конкуренција на М1 со подигнати 182.5 килограми. Захариев освен со златен медал се закити и со бронза на Опен до 105 килограми на Бенч прес натпреварувањето во Србија на Војводина куп.