По долги години пауза во Бундес лигата се одигра големото Берлинско омразено дерби помеѓу екипите на Унион Берлин и повеќе познатата Херта од Берлин. До триумф стигнаа домашните фудбалери на Унион со резултат од 1:0, но наместо во преден план да биде спортот и постигнатиот резултат, дербито го одбележаа бројните хулигански препирки и прекини на натпреварот.
Во еден момент хулиганите на Унион Берлин влетаа во теренот и сакаа да се пресметаат физички со гостинските навивачи, а голем инцидент и масовна тепачка спречи голманот на Унион, Рафал Гикиевич кој се најде помеѓу фановите и ги одврати од нивната намера па ги врати на своите места на трибините и спречи голема трагедија која се навестуваше.
Stupide.. #FCUBSC pic.twitter.com/gE4ZeCJ4XO
— Julien (@Le__JDA) November 2, 2019