На Големата награда на Малезија или попозната како Сепанг доминираа двајцата шпански мотоциклисти, каде што на највисокиот трон се искачи Маверик Вињалес, додека по спектакуларниот пад на Марк Маркез на тренингот и започнувањето на трката од 11-тата позиција сепак на крај на трката тој се позиционираше веднаш до победникот.
На трето место заврши Андреа Довициозо, а поранешниот шампион Валентино Роси се пласира на четвртата позиција. Марк Маркез веќе ја има обезбедено шампионската титула и има на контото 395 бода.