Италијанскиот одбојкарски Супер Куп се игра традиционално на почетокот на секоја сезона, а во него се соочуваат првите четвртопласирани екипи од изминатата сезона. Оваа година, во полуфиналињата се соочија Лубе и Модена односно Трентино и Перуџа. Модена и Перуџа излегоа како победници од полуфиналните дуели и играа за титулата во финалето. Модена имаше шанса да го одбрани насловот, но Перуџа победи со 3-2 и по втор пат во клупската историја го освои овој трофеј. Перуџа со 27-25 го освои првиот сет, а Модена израмни експресно освојувајќи го вториот сет со 25-23. Перуџа со истиот резултат го освои третиот сет и по втор пат поведе на овој натпревар. Во четвртиот сет, Модена покажа одлична игра и го освои со 25-18, а во тај-брејкот со 15-12 поуспешна беше Перуџа.
По првите три одиграни кола во лигата, на првите три места се наоѓаат Лубе, Модена и Трентино. Четвртопласиран е тимот на Милано, а Перуџа е на петтата позиција проследена од Падова, Верона и Равена.