Луис Хамилтон очекувано ја освои својата шеста титула во Ф1 и предизвика огромно славје во таборот на Мерцедес. Сепак, не беше само тој „виновникот” за славата. Имено, Валтери Ботас славеше на трката во Остин, САД, а Хамилтон беше второпласиран, но на Британецот и тоа му беше повеќе од доволно за освојување на круната. На третата позиција заврши Макс Ферстапен кој беше проследен од Леклер и Албон. Во поени завршија и Рикијардо, Норис, Саинц, Хулкенберг и Квјат. Себастијан Фетел заради дефект се откажа од трката уште во почетната фаза.