Комбинираниот состав на Мешков Брест од гостувањето во Битола во СЕХА си замина со победа од 32:35 против Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник.
Валиупау со 14 гола беше убедливо најдобриот ракометар на мечот, голманот Матскевиќ собра 17 одбрани. Кај Еурофарм Работник најефикасни беа Јотиќ со 8, Ојлески со 6 и Граџан со 5 голови. Стандардно одличен беше Митревски кој собра 15 одбрани.