Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одиграа фанатично во одбраната, за што говори и бројката од дури 15 украдени топки, што на крајот се покажа како клучно за триумфот во вечерашниот меч со Сплит 70-64 за задржување на непобедливоста на средбите во „Јане Сандански“ во АБА 2 лигата.
Дамјан Стојановски одигра маестрално и со 24 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ, додека двоцифрен поентерески ефект имаше уште и Бојан Крстевски со 12 поени и осум скока. Мора да се нагласи фанатичната игра во одбрана на Андреј Магдевски, кој имаше неверојатни седум украдени топки, зачинети со девет поени и осум скока.