РК Охрид, во недела со почеток во 17 часот во СЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат тимот на Пролет во дербито на колото од Супер лигата.
Капитенот на РК Охрид , Крсте Андоновски очекува со победа да го честитаат роденденот на „Рибари“.
Традиционално за нас тимот на Пролет е многу незгоден ривал и само тој успеа да не победи во досегашниот дел од сезоната. Им должиме за тој пораз и за ланската елиминиција во трката за плејофот. Најголем мотив за победа ќе биде јубијелот и роденденот на „Рибарите“ кои ни се ветар во грб во текот на овие осум сезони. Со победата на најдобар начин ќе им го честитам роденденот а ние ќе се доближеме чекор поблиску до плејофот. – изјави капитенот на РК Охрид, Крсте Андоновски.