Првиот натпревар од главниот ждреб на овогодинешниот ФА Куп се одигра во јужниот дел на Лондон на стадионот „Чемпион Хил”. Овој објект има капацитет од нешто повеќе од 3000 гледачи, а на овој натпревар беше поставен новиот рекорд од 3336. Натпреварот го одиграа екипите на шестолигашот Дулвич Хамлет и четвртолигашот Карлајл Јунајтед. Карлајл со голот на Оломола во 8. минута одлично ја најави победата. На полувремето, резултатот изнесуваше 0-2, а стрелец на вториот гол беше МекКирди. Четири минути по почетокот на вториот дел, домаќините преку Смит ја преполовија предноста и ја израдуваа публиката. Сепак, шест минути подоцна, Џонс со одличен погодок повторно ја зголеми предноста на Карлајл, а конечниот резултат го постави МекКирди со својот втор погодок на мечот во 86. минута.
What. A. Strike. 💥 pic.twitter.com/qJWR0hjJVw
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) November 8, 2019