Марио Младеновски, младиот дефанзивец на Вардар вели дека ќе биде исклучително мотивиран и среќен доколку добие шанса за настап.
– Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревари. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот, изјави Младеновски.