По 10 одиграни кола во Прва ЖФЛ има неизвесност и квалитет од поголем број на екипи, а воедно и неколку екипи при врвот на табелата ги дели само неколку бода.
Во заостанатиот натпревар од 9-то коло во Струга, тимот на ЖФК Асс Унитед дојде до минимална, но многу важна победа над ЖФК Деспина од Прилеп кој се претенденти за шампионската титула. Во фер и коректен натпревар одличните струшки фудбалерки триумфираа со резултат ид 1:0 со голот на Илза Максути. На овој натпревар во победничката екипа сите одиграа на високо ниво, а играч на натпребарот беше Весна Танеска.
Овој шампионат ни нуди многу изненадувања па до самиот крај ќе се води голема борба за врвот на табелата. Асс Унитед со оваа победа се позиционира на четвртата позиција на табелата со 24 освоени бода и се на само минус четири бода од првопласираната екипа на ЖФК Каменица Саса.
Подготвил: Предраг Јанчески