МЗТ скопје го запиша седмиот триумф на деветиот натпревар во АБА2-лигата, откако славеше во Белград кај Динамик со 82-92. „Металците“ погодија дури 13 тројки од 24 обиди.
Џабари Хиндс беше најдобар кај МЗТ со дабл-дабл со 22 поени и 13 аситенции, Бојан Крстевски постигна 21 поен, додека Дамјан Стојановски имаше 19.
Со оваа победа нашиот тим останува на втората позиција на табелата, а во следното коло го пречекува тимот на Нови Пазар.