Откако Хартс ја започна новата сезона на катастрофален начин во однос на амбициите на клубот, со само две победи во првите дванаесет кола, беше отпуштен тренерот и клупската легенда – Крег Левеин. На негово место беше доведен поранешниот тренер на Барнсли – Даниел Штендел. Штендел потпиша договор на две ипол години и има задача да го врати клубот во горната половина на табелата во шкотскиот Премиершип.
Штендел ја започна својата тренерска кариера во вториот тим на Хановер, а за краток период беше назначен и како тренер на првиот тим, но не го задржа статусот во Бундеслигата. Откако доби отказ од германскиот клуб, беше назначен како нов тренер на Барнсли. Барнсли во тој момент беше во третата англиска лига, а под водсвто на Штендел, избори промоција во Чемпионшип, оставајќи зад себе доста поквалитетни тимови како Портсмут, Сандерленд и Питерборо. Сезоната во Чемпионшип ја започна со изненадувачка победа од 1-0 над Фулам, но во наредните десет кола не успеа да победи ниту еден дуел, по што му беше врачен отказ. На негово место, во Барнсли, беше доведен Герхард Штрубер, тренерот на Волфсбергер кој ги предводеше Австријците во Лига Европа.
„Откако ни требаше малку време за до го потврдиме овој процес, сега искрено веруваме дека Даниел е вистинскиот човек за да го однесе клубот напред … Сите од „Тајнкесл Парк” го добредојдовме Даниел и се надеваме дека овој ангажман ќе ни донесе нов и возбудлив период како и искачување на табелата во шкотската Премиер Лига.” – објавија од Хартс на нивниот официјален веб-сајт.