Вториот натпреварувачки ден во Нижни Тагил ни го донесе и третиот победник во овогодинешнот светски куп. Откако вчера првата победа во кариерата ја запиша Јукија Сато, денес, во Русија, славеше Штефан Крафт. До својот најдобар пласман, а воедно и прв подиум во светскиот куп дојде Швајцарецот Килиан Паер. На третото место заврши актуелниот шампион, Рјоју Кобајаши, кој потфрли во втората серија откако беше првопласиран после првиот скок. Во првите десет се најдоа и Танде, Маркенг, Гајгер, Шмид, Петер Превц, Јохансон и Зајц. Вчерашниот победник заврши на 11. позиција и зад себе остави многу квалитетни скокачи. Без поени останаа Ито, Жила, Ајзенбихлер, Шлиренцауер и Домен Превц кои беа во друштвото на натпреварувачите што завршија после 30. место.