Егер тимот на Јане Цветковски викендов дома водеше убедливо со 4 разлика против Комло се до 35 минута кога на терен беше нашиот голман. Со фантастични 11 одбрани нашиот Јане го одржуваше водството на својот тим.
Во 35-та минута кога тренерот на домашните реши да го освежи тимот и да менува, екипата на Егер почна да паѓа во ритамот што на крајот ги чинеше пораз од 22-24.