На
супервелеслаломот во Ст. Моритз бевме сведоци на интересни возбудувања.
Радоста на Швајцарците беше голема на почетокот од трката. На првата позиција
се наоѓаше Лара Гут-Бехрами и се чинеше дека конечно ќе го прекине постот од 54
трки без победа за Швајцарија. Сепак, до победата стигна Италијанката Софија
Гоџа којашто на сред трка, дури го загуби и својот стап за оддржување рамнотежа. Ова беше прва победа за
Италијанците на швајцарско тло после цели 18 години !
На второто место беше пласирана нејзината сонародничка, Федерика Брињоне, која
заостануваше за само една стотинка. Микаела Шифрин, иако е непобедлива во
техничките дисциплини, сепак овде покажа одлична трка и се пласира на третото
место со заостаток од 13 стотинки.