Првиот натпревар од денешната програма на Чемпионшип го играа екипите на Бирмингем и ВБА. Бест Бромвич е гратче што се наоѓа на десетина километри од Бирмингем, но според одредени написи е сметан како предградие на вториот најголем град во Англија. Ривалството помеѓу овие две екипи е големо пред сè заради географската местоположба.
За „сините” натпреварот почна на најдобар можен начин – со голот на Јуткиевич во третата минута. До крајот на полувремето, ВБА израмни преку Диангана. На почетокот и од вториот дел, Бирмингем постигна погодок, но овој пат преку Дин за водство од 2-1. Во 70. минута, во игра, за ВБА, влезе ветеранот Чарли Остин. Истиот играч беше клучен за Албион бидејќи постигна два гола за пресврт, првиот во 73., а вториот во 81. минута.
Бидејќи Лидс испушти предност од 3-0 и ремизираше со резултат од 3-3 против Кардиф, ВБА со оваа победа ја превзема првата позиција на табелата. Бирмингем со 28 освоени поени е на 15. место.
Резултати од останатите натпревари:
Барнсли 5-3 КПР
Брентфорд 1-0 Фулам
Бристол Сити 0-2 Блекбурн
Дерби 0-1 Милвол
Лидс 3-3 Кардиф
Нотингем Форест 0-4 Шефилд Венздеј
Престон 2-1 Лутон
Стоук 0-0 Рединг
Свонси 3-1 Мидлсброу
Виган 1-1 Хадерсфилд