ФФМ ги избира најдобрите поединци и колективи за оваа календарска година на спортски план. Ленче Андреевска е прогласена за најдобра фудбалерка во Македонија од тимот на ЖФК Драгон, а оваа сезона настапува во дресот на ЖФК Каменица Саса, додека Ели Јаковска е најдобар стрелец (ЖФК Истатов/Конак Беледиеспор) за сезоната 2018/2019 година.
Двете награди се сосема заслужени и очекувани, бидејќи Андреевска секоја измината сезона прикажува најдобри перфоманси на терените ширум Македонија, а Јаковска со своите погодоци ги бомбардира противничките мрежи и за минатата сезона заврши со учинок од фантастички 80 постигнати погодоци, каде настапуваше за ЖФК Истатов.