Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, доби награда за посебни заслуги во спортот за 2019-та година.
Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ги прогласија најдобрите за 2019-та година, а три награди му припаднаа на одбојкарскиот спорт. Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, доби награда за посебни заслуги во спортот за 2019-та, нашата репрезентација е прогласена за најуспешен машки национален тим, а Одбојкарската федерацијата на Македонија беше номинирана во категоријата најуспешна национална спортска федерација.