Доминик Парис, откако вчера славеше на првиот спуст во Бормио, денес го повтори истото достигнување. Италијанецот ја запиша и својата втора победа сезонава откако ја помина патеката за 1:55.37.
Веднаш зад него, со заостаток од осум стотинки, заврши Швајцарецот Урс Криенбил, а третопласиран беше Беат Фојц. Во заостаток помал од една секунда беа сместени и Килде, Мајер и Хинтерман по истиот редослед. За Парис, ова беше петта победа во спуст во Бормио и четврта во низа на оваа патека. Вкупно има 14 победи во спуст.