Дуелот помеѓу Вашингтон Капиталс и Сан Хозе Шаркс ќе остане запаметен по својата возбудливост. Првата третина беше потполен контраст на останатите две. Во втората третина, Евандер Кејн, напаѓачот на Сан Хозе, постигна хет-трик за само десет минути игра. Негативата на Вашингтон ја намалија Доуд и Врана, па во пресрет на третата третина резултатот изнесуваше 2-3. На почетокот на последната минута, Шаркс стигнаа до навидум недостижно водство откако Кутур постигна гол на празна капија. Сепак, избраниците на Рајдрен направија огромен подвиг. Најпрво, Врана со својот втор гол на натпреварот намали на 3-4 на 47 секунди до крајот, а само половина минута подоцна, Оши израмни на 4-4 и го однесе натпреварот во продолжение. Моментумот дефинитивно беше на страна на домаќините, а тоа го искористи Елер после само две минути и го постигна погодокот што им ја донесе победата на Капиталс.